Шкендија подобра од Тиквеш на ФФМ, Михаилов тргна со победа во Беса, Детонит со 0:2 против Брера

800

Денеска е ден на пријателски средби на дел од македонските прволигаши. Поголемиот дел од нив се сеуште на домашно тло, односно во Македонија, па спарингуваа кој меѓу себе кој со второлигашите.

На комплексот ФФМ, тимот на Шкендија со головите на Шала и Бесарт Ибраими беше подобар од Тиквеш за кого погоди Тасев во првото полувреме.

Беса пак за која што свое деби имаше на клупата новиот тренер Горазд Михаилов славеше против Арсими со 4:2. На два пати стрелец Шефити, а по еднаш Незири и Фетаи.

Конечно, тимот на Детонит во пресметката со Брера обезбеди убава победа од 0:2.

 

ПретходноСинер „гази“ кон нов атак на титулата на АО
СледноЛШ: Ристовски и Адеми на гости кај Арсенал, “биковите“ на Елмас дома против Спортинг, Џирона без Миовски во Милано! (ФОТО)