Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше незадоволен од својот тим по поразот од Пари Сен Жермен со 4-2 во Лигата на шампионите. Тој ја призна супериорноста на францускиот тим во секој поглед, сека ќе мора да го добијат последниот меч против Бриж следната недела за да ги задржат надежите за пласман во нокаут фазата.
„Беа подобри, побрзи, ги добија дуелите и имаа уште еден човек на средината на теренот. Не можевме да се носиме со нивната брзина. Победи подобриот тим. За нас последната надеж останува дома против Бриж. Се надеваме дека ќе успееме да се квалификуваме. Натпреварот воопшто не помина како што сакавме. Честитки за ПСЖ бидејќи тие се фантастичен и неверојатен тим. Требаше подобро да ја контролираме топката, но не го сторивме тоа“, изјави Гвардиола.
Предводникот на Сити вели дека морале да контролираат мечот по водството, затоа не заслужиле да победа.
„Не заслуживме да победиме. Откако поведовме, за да го задржиме резултатот, требаше подобро да го контролираме натпреварот, а не го направивме тоа. Можеби ќе бидеме елиминирани. Ако не победиме на последниот натпревар, тогаш не го заслуживме тоа. Немаме доволно бодови и мораме да го прифатиме тоа. Сега е важно брзо да се опоравиме и да се подготвиме за натпреварот против Челзи“, додаде Шпанецот.