Тоа што се најавуваше со денови, денеска доби потврда. Барселона и дефанзивениот играч Роналд Араухо потврдија дека имаат нов договор со кој Уругваецот се обврзува на верност кон Каталонците до 30 јуни 2031 година.
Дефанзивецот на Барса го потпиша новиот договор денеска на средбата со претседателот Жоан Лапорта.
Араухо зимава беше интересен за Јувентус, но Барселона беше решена да го задржи со нов долгорочен договор. Уругваецот пристигна во Барза во август 2018 година од Бостон Ривер од Монтевидео во Барса Б, а официјално дебитираше за првиот тим на 6 октомври 2019 година.