Македонската ракометна репрезентација ја запиша втората победа на Светското првенство, на вториот меч во главната рунда славеше против Катар со 39-34 (21-17). Со овие два нови бода, нашите момци би можеле да се надеваат на пласман од 13-16 место на овој Мундијал.
Марко Кизиќ мечот го заврши со 11 одбрани, Никола Митревски запиша пет.
Нашите ракометари добро го отворија мечот, по две украдени топки и два гола од контранапад, Македонија поведе со 3-1 после три минути игра. Лазаревски со два гола и Кизиќ со интервенција, во седмата минута донесоа водство за „црвено-жолтите“ од плус три (6-3), оваа позитива ја имавме и нешто подоцна. По 7-4, Лазаревски доби две минути исклучување, а противникот успеа да доближи на 7-6 во 9-та минута.
Катар во 13-та минута успеа целосно да се врати во мечот, одбраната на средината беше мека, па изедначи на 9-9. Противникот постојано ни „дишеше во врат“, но како и на претходните мечеви нашите момци наоѓаа начин како да се издигнат. Казнија две грешки на Катарците. Пешевски и Стојковиќ зголемија на 13-11 во 18-та минута за тајм-аут на Вујовиќ.
И тука не застанаа, одбраната ја доби потребната цврстина, особено на средината каде лесно не пробиваа ракометарите на Катар. По 14-13, Македонија направи серија од 6-1, благодарение на одличниот Кизиќ поведе со 20-14 во 28-та минута. Катарците вратија со два гола, на одморот резултатот беше 21-17.
Костески на стартот на второто полувреме зголеми на 22-17. Делувавме хаотично, Катар врати со серија од 3-0 за 22-20 во 35-та минута и кога во еден дел имаше играч помалку на теренот. Велковски и Кузмановски во 36-та минута повторно зголемија на 25-21, но оваа позитива не беше доволна за да Лазаров биде мирен бидејќи правевме непромислени грешки во моменти кога требаше само да „нагазиме“.
Стојковиќ пред стартот на 40-та минута поради груб старт заработи директен црвен картон. На голот на Македонија дојде до промена, Митревски влезе на местото на Кизиќ.
Нашата репрезентација беше на потивата од три до четири гола, на средината на второто полувреме резултатот беше 29-25. Црвен картон зработи и Катарецот Амин Гиес. Ова беше добредојдено, Маркоски го врати највисоките плус пет до овој дел од мечот (33-28). Пешевски максимално ја користеше секоја добиена топка, со два гола ја најави победата, во 51- минута, нашата репрезентација водеше со 35-29.
Сепак Лазаров не беше мирен, две грешки на Кузмановски и еден нереализиран удар од седум метри почна да носи несигурност, зошто противникот дојде на минус три 36-33, но Маркоски со третиот гол не дозволи драма (37-33). На другата страна Катар не реализира, па се чекаше гол, Пешевски ја запечати победата, за мирен финиш. Вујовиќ и неговите момци немаа време за нешто повеќе.
На последниот меч од главната рунда, Македонија ќе ги одмери силите со Франција, мечот се игра два дена.
Кај Македонија најдобри стрелци Кузмановски и Пешевски со по шест голови. Митев и Костески следеа со по пет. Голманите Кизиќ и Митревски застанаа на десет односно пет одбрани.