Во изминатиот период зачестија најавите, изјавите, и тоа од релевантни лица од светот на кошарката, дека наскоро и во Европа би се играла НБА или во најмала рака да има неколку екипи кои би играле во НБА.
Како тоа би изгледало, останува да се види.
А за тоа дека е можен кошарарски “земјотрес“ најавува и комесарот на НБА, Адам Силвер:
“Можно е еден ден да имаме и НБА франшиза во Европа. Сепак тоа во моментов не е приоритет. Јасно е дека во тој случај ќе ни биде потребно суперсоничен авион. Од друга страна без разлика во кој правец ќе одиме сакаме да искажеме респект кон историјата на кошарката во Европа. Засега можам да потврдам дека се разговара за основање на Европска лига која ќе биде независна во однос на НБА. Нејзиниот формат допрва ќе се анализира“ посочи првиот човек на НБА лигата.