Ненад Димитријевиќ и неговиот тим Армани Милано претрпеа вистинска катастрофа на гостувањето кај Анадолу Ефес вечерва во мечот од 23. коло во Евролигата. Италијанскиот тим загуби на гостувањето во Истанбул со 110:66 што сигурно ќе остане запишан како еден од најубедливите порази кој овој италијански гигант ги претрпел во официјален европски меч.
Нено се врати во составот на Милано и на овој меч доби шанса да одигра нешто повеќе од 16 минути во кои успеа да постигне 4 поени. За Милано ова беше 11 пораз оваа сезона со кој сега излезе од ТОП 10 листата на табелата во Евролигата.