Единство, гордост и храброст – Ова е Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

216

Нашите ракометари ја вратија вербата на оние кои пред две години не сакаа да веруваат во системот на Кирил Лазаров. Им беа потребни две големи натпреварувања за да соберат искуство и да одиграат одличен шампионат.

На Светското првенство не само што се пласираа во главната рунда, тука сега веќе имаат четири бода, реми со Австрија и победа над Катар, за продолжување на бајката во Вараждин.

На теренот делуваат како едно, сите играат еден за друг, на никого не му е важно кој е најдобар, најважно е Македонија да победува. Ова го видовме и денеска дури 13 ракометари се запишаа во листата на стрелци. Лазаров уште еднаш ги искористи сите сили и го извади најдоброто од секого.

ПретходноКизиќ пред мечот со Катар им даде ветување на ракометарите!
СледноНашиот некогашен младински репрезентативец се пресели во МЛС лигата