Видливо и тоа како беше задоволството кај првиот човек на РФМ, Живко Мукаетoв по победата на Македонија над Катар со 39:34. Македонија одигра полетно, борbено, квалитетно и затоа успеа да дојде до триумф против селекцијата која ја предводи Веселин Вујовиќ.
Претседателот на РФМ по мечот имаше свое видување:
„Секако дека сум апсолутно задоволен од оваа втора победа, имаме и две нерешени средби на СП. Најмногу сум задоволен од пристапот, од она што момците го пружија од меч во меч, желбата за победа, од квалитетоот. Ова е вистински пример како треба сите да се бориме за Македонија“ посочи Мукаетов и искоментира за поддршката од трибините која импресионираше многумина. Штета што ја немаме до крај на ова СП.
“Да, штета, Што да правиме. Тоа е сплет на многу околности. Но она што беше до сите нас да заеднички ги задржиме момците со фокус копн натпреварите и кон она што најдобро го знаат, а тоа е да го пружат на теренот мислам дека го дадоа апсолутно. Така да јас сум им благодарен и многу среќен и поради тоа што се покажува дека оваа репрезентација може во наредните години многу, многу да пружи и да ги радува сите наши граѓани. Имавме многу критики во последните неколку години со Кире Лазаров, но најдобро се покажува дека сме на вистинскиот пат“ заклучи Мукаетов.