Зад Марко Кизиќ е уште една успешна епизода во дресот на Македонија, денеска против Катар запиша 10 одбрани, сите во првото полувреме. Тој е дел од новата генерација на нашата ракометна репрезентација која има тешка задача да го одржи наследството – учества на големите натпреварувања.
Тој вчера наполни 24-години, а на вечерата им вети на своите соиграчи дека прво треба да го победат Катар, а потоа ќе ги почести сите.
Желбата на Кизиќ, Македонија да дојде до втората победа на ова Светско првенство. Овие момци уште еднаш покажаа како се игра за својата земја. Зад себе имаат уште еден храбар и борбен меч.