Македонската машка ракометна репрезентација денеска (15:30 часот) го игра вториот натпревар од главната рунда на Светското првенство. Противник на селекторот Кирил Лазаров и неговите момци е Катар, предводен од Веселин Вујовиќ. Лазаров го одреди списокот за оваа пресметка.
Се враќа Томислав Јагуриновски, кој поради вирус ја прескокна средбата со Австрија. Ова значи дека надвор се Иван Галевски, Александар Петковски и Валентин Карасманакис. Македонија има два бода во главната рунда, против Катар ќе ја бара втората победа на овој шампионат.
Enter
You sent
ja