Луис Енрике во екстаза: Со оваа победа испративме порака дека никогаш не се откажуваме

128

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике беше во екстаза по неверојатната победа на тимот над Манчестер Сити со 4-2 во Лигата на шампионите. Парижаните губеа со два гола разлика, но успеаја да направат импресивен пресврт.

“Ги имаме најдобрите навивачи во светот. Тие никогаш не престануваат да не поддржуваат и дома и на гости. Затоа им ја посветувам оваа победа. Со овој пресврт испративме порака. Се чувствувам горд на она што го постигнавме вечерва против овој тим добри играчи, тоа беше совршен настап.

Не е прв пат да се вратиме – тоа се случи против Ленс и Монако. Овој тим има борбен дух. Овој натпревар ќе не направи уште посилни – моите играчи се млади и немаат големо искуство во вакви натпревари. Никогаш повеќе нема да се откажуваме, дури и ако загубиме со два гола разлика. Колку повеќе конкуренција има во тимот, толку сум посреќен. Тоа значи дека никој нема да мисли дека тие се неопходни. Во составот ми требаат играчи кои не се откажуваат.

Тој, исто така, сподели што верува дека е клучниот момент за пресвртот.

“Целиот тим даде се од себе. Дадовме четири гола, двапати ја погодивме стативата и уште еден гол беше поништен. И сето тоа против толку силен противник. Најважен беше првиот гол по контранападот на Баркола. Тоа го отвори натпреварот и се промени неговиот тек беше тој што го овозможи пресвртот“, заклучи специјалистот.

ПретходноФакти пред новата пресметка: Македонија е третиот најмлад тим на Мундијалот, Катар е најстар!
СледноОва е табелата во ЛШ: Сити е пред елиминација, само Ливерпул е максимален! (ФОТО)