Македонската ракометна репрезентација предмалку ја забележа втората победа на Мундијалот во Вараждин, Хрватска. Избраниците на Кирил Лазаров, успеаа да го совладаа Катар со конечни 39:34, во меч во кој доминиравме и не дозволивме да ни се случи нов кикс.
Тирумфот е обезбеден со фантастична колективна игра во која ама сите до еден наши репрезентативци имаа свој удел.
Сепак, на крајот за МВП на мечот, односно најдобар поединец е прогласен Марко Митев. Тој на дуелот имаше скор од пет гола. Иако не беше најдобар стрелец, рпед него се Кузмановски и Пешевски, сепак, Митев со својот перформанс денеска заслужи да е број еден.