Ако претходно ждрепката не ги спои во “Копа дел Реј“ или во Лигата на Шампионите, тогаш следното “Ел Класико“ на програмата ќе биде во мај и на кое Барселона треба да биде домаќи.
Познато е дека Реал Мадрид на последните две одмерувања со Барса, во Мадрид и во С. Арабија беше поразен со 2:9 па и не му се игра баш против својот вечен ривал.
Инаку утринава од Каталонија дојде вест дека овој меч од Ла Лига би можел да се игра надвор од Шпанија. Јасно е дека новиот “Камп Ноу“ нема да биде готов до мај, а Барса секако дека сака спектакл за многу поширок аудиториум од тие најмногу 50.000 гледачи на Монжук стадионот каде што сега е домаќин.
Ова е како опција за разгледување, а дали навистина би се игра надвор од Шпанија, Каталона, останува да се види до мај.