Македонската ракометна репрезентација денеска е успешна. По втор пат на овој Мундијал во Хрватска, избраниците на селекторот Кирил Лазаров се радуваат на триумф. По оној против Гвинеја, Македонија денеска подобра и од Катар. Селекциите кои мораше да ги победиме според рејтингот и квалитетот кој го поседуваме и ги победивме. Тоа е најважното.
Победничкото селфи е направено. И тоа со гордост го кажуваме. По втор пат на овој турнир. Македонија заслужи да се радува. Заслужи да се слика, заслужи да се фали со фотографиите. Капитенот Кузмановски како по обичај е главен, па „главен“ е и за сефли фотографијата. А сигурни сме дека ќе го гледаме во оваа поза уште многупати.