Македонската ракометна репрезентација продолжи во ист ритам и на вториот меч од главната фаза на Светското првенство. Момците на Кирил Лазаров одиграа уште еден одличен натпревар, го победија Катар со 39-34 и ја запишаа втората победа на овој шампионат.
И на оваа средба не изостанаа атракциите, овој пат во преден план се Марко Митев и Жарко Пешевски. Митев ја протна топката низ нозете на катарскиот ракометар до Жарко Пешевски, а тој елегантно го најде патот до мрежата на противникот.
Ужувајте во мајсториите на овие момци.
View this post on Instagram