Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Бесард Шабовиќ од денеска е нов фудбалер на екипата на Остин во американската МЛС лига. Остин го потврди трансферот на Шабовиќ, кој доаѓа во МЛС лигата како слободен фудбалер.
Шабовиќ потпишал тригодишен договор со Остин, гарантиран до 2027 година со опција за 2028 година.
„Откако ја одиграв целата моја кариера во Европа досега, преселбата во САД и приклучувањето на Остин ФК е предизвик што го барам“, изјавил Шабовиќ, кој е роден во Стокхолм, Шведска, но има и македонско државјансто. Засега нема настап за нашата А-репрезентација.