Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, заедно со спортскиот директор на Национални репрезентации, Горан Пандев, денеска оствариле средба со македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас.
Фудбалерот на РБ Лајпциг се уште не се знае дали и пролетва ќе остане во бундеслигашот со оглед на тоа што има бројни шпекулации околу негов зимски трансфер. Омерагиќ и Пандев денеска со Елмас разговарале за плановите во иднина и околу македонската фудбалска репрезентација.