Машката македонска ракометна репрезентација предмалку со конечни 39:34 го совлада Катар во втората фаза од Мундијалот во Вараждин, Хрватска. Ова по онаа победа над Гвинеја, е втор триумф за нашиот национален тим на овој турнир, што значи дека повторно избраниците на Кирил Лазаров заработија премија, загарантирана од РФМ односно Владата на Република Македонија.
Секоја победа на овој турнир за нашите значи два милиони денари премија, што значи дека со победата над Катар денеска ракометарите се во „плус“ од четири милиони денари.
Ова светско првенство ќе го завршиме сигурно со две победи, а имаме уште и дуел против Франција во последното коло. Во моментов, пред дуелот Франција – Холандија, сме трети во групата.