Факти пред новата пресметка: Македонија е третиот најмлад тим на Мундијалот, Катар е најстар!

351

Селекторот, Кирил Лазаров на ова Светско првенство го има еден од најмладите тимови. На табелата во оваа категорија македонската ракометна репрезентација е трета најмлада екипа со просек од 25.5 години. На првото место е Швајцарија со просек од 24.3, додека втора е Куба која има просек на години од 24.5

На листата пак на најстари тимови е Катар, денешниот противник на Македонија во рамките на второто коло од главната рунда во групата 2.

Составот кој го предводи Веселин Вујовиќ има просек од 32.3, и е најстариот тим на овој шампионат. На второто место е Шведска со 29.3, додека пак зад неа е Шведска со 29.1.

Ова значи дека Македонија повторно пред себе ќе има поискусен тим на теренот, што пак му дава дополнителна тежина на мечот. Нашите момци ќе мора да бидат внимателни во текот на сите 60. минути доколку сакаат да дојдат до втората победа на Светското првенство, а со тоа да ги зголемат шансите за четвртото место пред дуелот со Франција, кој е последен од главната рунда.

Мечот меѓу Македонија и Катар е закажан со почеток во 15:30 часот.

ПретходноУште денеска во Хернинг и Вараждин можеме да ги добиеме првите четвртфиналисти на СП
СледноЛуис Енрике во екстаза: Со оваа победа испративме порака дека никогаш не се откажуваме