Бразилецот Диего Карлос од денеска е нов играч на Фенербахче. Во само два дена тимот на Мурињо доведе две засилувања во одбраната. По Шкрињар вчера, денеска Фенер се засили со дефанзивецот на Астон Вила.
Бразилскиот дефанзивец потпишал договор на три и пол години со истанбулскиот состав.
Во тековната сезона Диего Карлос одигра 17 натпревари за Вила.