Прилично лесно и убедливо, ракометарите на Франција со 35:28 ја совладаа Холандија во вториот меч од 2. коло во нашата група на Светското првенство во Вараждин. „Триколорите“ кои со Данска се најголем фаворит за златото, потврдија дека се наоѓаат во извонредна форма и во текот на целиот меч доминираа против „лалињата“.
Франција на полувреме имаше водство од 19:13, а во вториот дел се обидуваше да ја одржи високата предност и во нитуе еден момент да не му дозволи на противникот да се врати резултатски во мечот. На крајот со по 7 постигнати гола Ричардсон и Дика Мем беа најефикасни кај Франција, додека за Холандија, Бајенс постигна 6 гола.
Во мечот од групата во Хернинг, селекцијата на Германија очекувано ја победи Италија. Германците славеа со 34:27 и дојдоа до втората победа во групата. За Германија на овој меч најефикасен беше Кастенинг со 6 гола, додека во реодвите на Италијанците се истакна Прантнер со 8 погодока.