Вардар загуби на стартот на подготовките во Анталија

883

Екипата на Вардар во првиот пријателски дуел на подготовките во Анталија, загуби од бугарскиот прволигаш Септември Софија со минимални 1:0. Денешниот меч беше одигран како заменски, за оној неодиграниот вчера против екипата на Актобе од Казахстан.

Мечот имаше добро темпо, во кој тренерот Гоце Седлоски можеше да увиди до каде е неговиот состав што се однесува до подготовката за пролетната полусезона. Единствениот гол на дуелот го постигна Виктор Теистер.

Вардар имаше шанси преку Закариќ, Талевски….

Откако „Црвено – црниот“ табор прими гол, дел од напаѓачите имаа шанси за да израмнат. Закариќ, Талески, Пинтер, беа оние кои се заканија. Седлоски на овој дуел не ги ислористи, Догмо, Талески, Жибрил, Матиќ, Босанчиќ….

 

ПретходноОфицијално: Коло Муани во дресот на Јувентус! (ФОТО)
СледноПолувреме: Македонија води против Катар на Вујо со четири гола разлика