Полувреме: Македонија води против Катар на Вујо со четири гола разлика

115

Македонската ракометна репрезентација во овој момент го игра вториот натпревар од групната фаза на Светското првенство. Против Катар на одморот, нашата репрезентација води со 21-17.

Филип Кузмановски има четири гола исто колку Лзаревски и Митев, додека Кизиќ има 9 одбрани.

Нашите ракометари добро го отворија мечот, со две украдени топки и два гола од контранапад, Македонија поведе со 3-1 после три минути игра. Со два гола на Лазаревски и една одбрана на Кизиќ, во седмата минута за првпат стоеја со плус три (6-3). Оваа позитива ја имавме и нешто подоцна. По 7-4, Лазаревски доби две минути исклучување, а противникот успеа да доближи на 7-6 во 9-та минута.

Катар во 13-та минута успеа целосно да се врати во мечот, одбраната беше мека, па изедначи на 9-9. Не игравме најдобро во одбраната, противникот постојано ни „дишеше во врат“, благодарение и на пропуштените шанси. Конечно успеавме да казниме две грешки на Катарците, Пешевски и Стојковиќ зголемија на 13-11 во 18-та минута за тајм-аут на Вујовиќ.

И тука не застанавме, нешто подоцна цврстата одбрана, особено на средината каде лесно не пробиваа ракометарите на Катар донесе резултат. По 14-13, Македонија направи серија од 6-1, благодарение на одличниот Кизиќ поведе со 20-14 во 28-та минута. Катарците успеаја да искористат наши грешки, со два гола во низа да намалат на 20-16. Веднаш во следниот напад реализиравме, но дозволиме одбиената топка од Кизиќ да отиде во рацете на противникот за 21-17 на одморот.

ПретходноВардар загуби на стартот на подготовките во Анталија
СледноПред неколку месеци сакаа да го продадат, а сега: “Родриго е недопирлив!“