Не се случи посакуваното сценарио кое ќе не оставеше да сонуваме за пласман во четвртфинале на Светското првенство, а тоа е реми меѓу Унгарија и Австрија.
Ракометарите на Унгарија ја добија пресметката со Австрија со 29-26, некаде во последните десет минути од второто полувреме го скршија отпорот на противникот и поведоа со 25-21 на пет минути до крајот.
По оваа средба Македонија останува на третото место со четири бода исто колку и четвртопласираната Холандија.
И натаму остануваат математиките за пласманот од 13-то до 16-то место, но за тоа Македонија ќе зависи од другите.
Во последното коло во нашата група 2, Холандија игра против Австрија, Унгарија против Катар, додека Македонија против Франција. Со оглед на тоа дека нашата средба е последна од 20:30 часот многу работи ќе бидат познати.
На втората средба од истиот термин, Данска продолжи да победува, сега ја совлада Швајцарија со 39-28 и се пласираше во 1/4 финалето на СП.