Словенија по голема борба е поразена од Египет со 25:26. Интересно, Словенците имаа шанса за реми, но во својот последен напад се прекомбинираа и тој напад пропадна.
Египет со оваа победа и тоа како има шанса за пласман во 1/4 финалето, но некои работи ќе знаат по мечот Хрватска – Исланд во оваа група-4.
На вториот меч од терминот од 18 часот, Бразил креираше нова сензација. Ако на стартот на ова СП славеше против Норвешка, вечерва во главната рунда во групата-3,Бразил ја победи и Шведска и со тоа се пласираше во 1/4 финалето. Секако дека ова е голем шок за двете скандинавски земји, ако се знае натаму одат Португалија и Бразил а не Шпанија, Шведска и Норвешка.
За првпат во историјата Бразлците се пласираа меѓу најдобрите осум репрезентации во светот.