Влатко Стојановски е нов напаѓач на Беса

388

Некогашниот македонски репрезентативец Влатко Стојановски е нов член на тимот на Беса Добри Дол.

Напаѓачот се договори со амбициозниот прволигаш да го носи неговиот дрес во пролетниот дел од сезоната, а секако доколку се биде во ред и во наредната.

Стојановски зимава си замина од Работнички, а тој во моментов прави кам бек од тешката повреда на тетивата. Некогаш важеше за еден од нашите најперспективни млади играчи, кога од тимотн на Ренова направи трансфер во Франција во тимот на Ним.
Сепак, неговата кариера не се разви во насока каква што сите мислевме дека ќе ја има, и каков што потенцијал впрочем Стојановски покажа како младинец своевремено.

ПретходноЕнис Барди промовиран во Бодрумспор
СледноГостивар прими четири гола од Словачко