Македонската ракометна репрезентација денеска има ден за одмор пред дуелот со Франција утре во последното 3. коло од главната фаза. Во групите „3“ и „4“ денеска продолжува битката за местата кои водат во четвртфиналето.
Псло и Загреб се местата каде ќе гледаме шест одлични дуели. Во фокусот е биде мечот на Хрватска и Исланд, каде Хрватите ќе мора да го совладаат тимот на „рибарите“ за да останат во трка за четвртфинале.
Норвешка, пак, во Осло, исто така мора да слави над Чиле за да ги задржи шансите за битка за медалите. Во оваа вечерва фокусот ќе биде на дербито меѓу Шпанија и Португалија.
ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА:
ГРУПА 3
15.30 Шпанија – Португалија
18.00 Шведска – Бразил
20.30 Чиле – Норвешка
ГРУПА 4
15.30 Аргентина – Зеленортски О.
18.00 Египет – Словенија
20.30 Хрватска – Исланд
ПРЕЗИДЕНТ КУП
15.30 Јапонија – Бахреин
18.00 Куба – САД