Со месеци наназад се говори за тоа дека Винисиус Жуниор би можел да се пресели во С. Арабија. Се споменуваа некои нестварни суми од милијарда евра, како тој да ти е Меси.
Ама сепак Вини важи за екстра фудбалер и затоа е тоај “напад“ на пребогатите Саудијци од Ал Ахли кон Бразилецот.
Познатите инсајдери кога се во прашање трансферите пренесуваат дека Реал Мадрид добил понуда вредна 350 милиони евра за да го “ослободи“ Бразилецот.
Сега Дон Флорентино Перез е на потег. Од Шпанија се известува дека тој се двоуми и дека откако Килијан Мбапе почна да игра како што треба, сега ќе му биде полесно да го продаде Винисиус.
Сепак ретко кој смета дека такво нешто и ќе се оствари, реално.