Енис Барди промовиран во Бодрумспор

164

Заврши трансфер сагата околу капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди. Играчот за врска од денеска и официјално е нов член на тимот на Бодрумспор. Тоа значи дека Барди него менува шампионатот, туку само тимот, затоа што досега го носеше дресот на Трабзон.

Бодрумспор е екипа која што во моментов се бори за опстанок во Суперлигата на Турција, а засилувања како Енис Барди секако дека одат во прилог на тоа.

Нашиот капитен на изненадување на многумина од еден од најдобрите играчи на Трабзон падна во немилост на стручниот штаб, па зимава беше логично да си замине.

За нас пак, е најважно тој да биде во натпреварувачка форма, и да ја има полната минутажа каде и да игра.

Негов нов соиграч во Бодрум ќе биде и некогашниот наш репрезентативец Тауљан Сефери, кој што како што добро знаеме дресот на Македонија го замени со оној на Албанија.

ПретходноФормула 1 ќе одзема бодови за пцуење и политички изјави
СледноВлатко Стојановски е нов напаѓач на Беса