Со голот на Шабан Зенку, тимот на Струга Трим Лум ја оствари првата победа на подготовките во Анталија. По стартните 0:0 против Дебрецен, овојпат избраниците на Ќатип Османи обезбедија победа од минимални 1:0 против тимот на Корона Киелце од Полска.
Стрелец на единствениот гол на овој меч беше Зенку и тоа во последните моменти од дуелот.
Со ова, тимот на Струга ТЛ секако дека си го подигнува победничкиот дух на највисоко ниво секако, што е неопходно за завршување на подготовките во позитивна насока, и пред стартот на пролетната полусезона.