Младата ракометна репрезентативка на Македонија, Ива Младеновска замина на позајмица во француски Безансон. 18-годишната Младеновска во првиот дел од сезоната беше дел од екипата на Брест, а се сели во Безансон до крајот на сезоната за да пополни дел од празнините во оваа екипа, поради бројните повреди, објавија од клубот.
„Многу сум среќна што потпишав со Безансон до крајот на сезоната и благодарна што имам шанса да играм во првата лига. Едвај чекам да започнам и се надевам дека ќе му помогнам на тимот да ги постигне своите цели“, изјавила Младеновска.