Откако синоќа се комплетираа дуелите од второто коло во главната фаза во групата „2“ во која е нашата репрезентација, остануваат неколку комбинации кои Македонија би можеле да ја однесат и до пласман во четвртфиналето. Иако на првга мисијата изгледа невозможна, во теорија е изводлива.
Македонија во моментов е на делба на третата и четвртата позиција со Холандија со по четири бода. На врвот Франција со обезбедено четвртфинале, а Унгарците се второпласирани со пет бода.
Најважниот услов за четвртфинале е Македонија да направи сензација и да ја победи Франција, која сигурно нема да влезе со 100% од силите, со оглед на тоа што очекуваат многу поважни мечеви во разигрувањето. Сепак, изненадувањето и да се случи, треба да се исполнат и некои други услови:
*Ако ја победиме Франција, треба да чекаме Холандија да ремизира или загуби од Австрија, а Унгарија да ремизира или загуби од Катар.
*Ако ние ремизираме со Франција, а Холандија и Унгарија загубат од Австрија и Катар, во тој случај че решава гол-разликата.