Кирил Лазаров е голема “фаца“ во светскиот ракомет. Порано како играч, а сега како селектор на Македонија, веројатно на најпријатното изненадување на ова СП.
Македонија на Лазаров ја фалат сите, говорат за нејзе во суперлативи и јасно е дека нашиот селектор е баран од новинарите ширум Европа за итнтервју, за коментар, за се она што тој има да каже.
Па така ќе пренесеме што тој за „Спортске новости“ кажа ново во врска со мечот со Холандија, за судискиот грабеж на векот во светот на ракометот, кога на Македонија не и беше дозволено рамноправно да се бори на таа средба.
“Ние сме мала земја, исто како Хрватска. Секако дека сме немоќни да се споредуваме со земји како Германија, Франција, Данска. Јасно е дека немаме таков квалитет како посочените земји, а потоа и „ова“ ти се случува. Затоа ракометот како спорт ни е таков како што е“ вели Лазаров а потоа целосно се отвори за тој меч па додаде:
“Па, затоа Американците не вложуваат во овој спорт. Не сакаат ниту да го имаат. Тоа е така зошто има многу сомнителни ситуации. Ова не е ни првпат, ни последен пат да се случува вакво нешто. Гледам дека Холанѓаните се доста фаворизирани, но тоа што се случи на тој натпревар….
Некој ќе рече, ајде, одиме натаму, во ред. Но, дали е баш така? Зошто ракометот како спорт со вакво нешто, нема иднина. Да пронајдеш спонзор, да вложува во овој спорт, со такво нешто од средбата Македонија – Холандија, не знам. Кој инвеститор би вложувал свои пари во ракометот, а потоа некој го измами на ваков начин. Сите кои работиме во ракометот треба да бидеме загрижени поради ваквите работи“ посочи македонскиот селектор.