Лејкерс го добија дербито со Бостон, Јокиќ со нов трипл-дабл за нов триумф на Нагетс

99

Во дербито на вечерта во НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс го совладаа Бостон со 117:96. Ентони Дејвис со 24 поени и 8 скока беше најефикасен кај домашните, додека Леброн Џејмс постигна 20 поени, 14 скока и шест асистенции со што го помина Хаким Олаџувон на седмо место според бројот на остварени одбранбени скокови во историјата на лигата.

Кошаркарите на Денвер го совладаа Сакраменто со 132:123 и дојдоа до четвртата последователна победа. Нагетс ги предводеше српскиот центар Никола Јокиќ со трипл-дабл од 35 поени, 22 скока и 17 асистенции. Тоа беше негов петти последователен трипл-дабл, а 20-ти во сезоната. Сакраменто загуби третпат во 13 натпревари откако Даг Кристи стана привремен тренер на тимот.

Кошаркарите на Милвоки го совладаа Мајами со 125:96 и стигнаа до петтиот последователен триумф. Демијан Лилард постигна 29 поени, заедно со 11 асистенции и девет скока за победничкиот тим. Јанис Адетокумбо придонесе со 25 поени, 12 скока, четири асистенции и три блокади. Во тимот на Мајами го немаше суспендираниот Џими Батлер, кој е суспендиран на два натпревари поради штетно однесување за тимот и прекршување на клупските правила.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Орландо – Портланд 79-101

Атланта – Торонто 119-122

Оклахома – Далас 115-121

Милвоки – Мајами 125-96

Денвер – Сакраменто 132-123

Голден Стејт – Чикаго 131-106

ЛА Лејкерс – Бостон 117-96

ЛА Клиперс – Вашингтон 110-93

ПретходноЃоковиќ не успеа да дојде до ново финале, поради повреда го предаде полуфиналето
СледноКои две сценарија ја водат Македонија во четвртфинале?