Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Оливер Двојаковски (27 год, 204 см) од денеска и официјално е нов член на екипата на МЗТ Скопје Аеродром.
Тој доаѓа да ја засили центарската линија на шампионот, со оглед на малите, но не безначајни здравствени проблеми на кои деновиве се пожалија Милош Копривица и Андреј Андоновски. Тој првите чекори во сениорската кошарка ги направи во Шпанија, а во македонското првенство играше за екипи како Куманово, Пелистер, Еуро Никел и Работнички.
Двојаковски е веќе регистриран и своето деби во сино-белиот дрес ќе го има в недела, кога составот предводен од тренерот Васко Атанасов ќе му гостува на МКК Куманово (18 часот).