Недановски ќе биде прв човек на младинските тимови на РК Вардар

114

Владо Недановски во иднина ќе има нова функција во РК Вардар. Според клупската информација, тој ќе биде задолжен за функционирање на сите младински категории на клубот. Поранешниот играч на „црвено-црните“ кој со екипата освои и две европски шампионски титули во Келн и претходните неколку сезони беше и прв тренер, сега ќе биде на место каде ќе има целосна посветеност во работата со младите играчи.

Вардар веќе има одлична пионерска екипа на ракометари родени 2010 и помлади која есенскиот дел на сезоната го заврши доминантно, и со максимален број бодови и постигнати голови, а така ќе се продолжи и со другите категории. Кадетите и младинците се исто така во системот на натпреварување.

Недановски ќе работи заедно со тренерите на сите младински селекции.

ПретходноДенеска на СП: Хрватите мораат да го совладаат Исланд
СледноЗенку за триумф на Струга ТЛ над Корона