Очекувано. Илија Несторовски го продолжи договорот со Славен Белупо и во тимот од Копривница во ХНЛ ќе остане до јуни 2026 година.
Поранешниот наш репрезентативец денеска за сајтот на клубот по потпишувањето на договорот истакна:
„Среќен сум што се договоривме за нова соработка со оглед на тоа дека дека во Копривница се чувствувам како дома. Во клубот владее семејна атмосфера и кога ми беше понуден нов договор, не се двоумев ни минута. Не ни погледнав што пишува внатре, веднаш потпишав. Среќен сум што и во овој период останува во овој клуб“ посочи Несторовски.