Во дербито на 23.коло во Евролигата, Фенербахче среде Пиреја славеше против Олимпијакос со 77:87. Па така сега турскиот тим е втор на табелата и тоа зад лидерот Олимпијакос со една победа помалку, но и еден мел помалку, оној со Париз.
“Црвено – белите“ подобро го почнаа мечот, ја добија првата четвртина со 21:17. Сепак во продолжение од средбата гостите од Истанбул покажаа сила, покажаа дека се во супер форма и успеаја да слават.
Најдобри поентери на средбата беа Фурние кај домашните и Гудуриќ кај Фенер, и двајцата забележаа по 21 поени.
Во германското дерби Баерн како гостин славеше против Алба со 84:99.
Асвел на свој терен со 100:94 успеа да ја победи Барселона. Ова и не е којзнае какво изненадување ако се знае дека каталонскиот тим има сезона за заборав.