Како што и доликува. Раководството на Фудбалската федерација на Македонија, на чело со претседателот, Масар Омерагиќ и спортскиот директор Горан Пандев, е гостин на прославата во Лајпциг по повод јубилејот – 125 години Германска фудбалска асоцијација.
Ова доаѓа откако нашата федерација доби покана од страна на Германската фудбалска ацсоцијација.
Да потсетиме дека престојот во Лајпциг, Омерагиќ и Пандев вчера го искористија да се видат со нашиот репрезентативец и член на Лајпциг, Елиф Елмас.