И официјално е. Од вечерва ново име во редовите на Милан е Кајли Вокер. Еден од најдобрите десни бекови во светот, довчерашен капитен на Манчестер Сити и член на репрезентацијата на Англија до јуни ќе го носи дресот на Милан и тоа како позајмен играч.
Секако дека Вокер ќе биде големо засилување за тимот на Серџио Консеисао. Оваа вест наиде на еуфорија кај еден од најголемите клубови во светот.
Иако имаше баснословни понуди од С. Арабија, Кајли Вокер сепак се одлучи во следните шест месеци да игра во Серија А.