Сега и повеќе од јасно е дека актуелниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ ја има максималната поддршка од фудбалска Македонија. Па така јасно е дека тој на Собранието на ФФМ кое ќе се одржи на 15 март, се очекува да добие нов,сега целосен мандат како предводник на Фудбалската федерација.
Денеска и ОФС Кисела Вода на своето Собрание недвојбено ја искажа поддршката за Омерагиќ за претстојното Собрание на ФФМ.