Како што и беше најавено, фудбалерите и стручниот штаб на Работнички вечерва заминаа за Медулин (Хрватска) каде ќе ја одработат главната фаза во текот на овие зимски подготовки.
Експедицијата на клубот од Дебар Маало во Медулин ќе престојува до 6 февруари, а покрај вообичаените тренинзи ќе се одиграат и три пријателски натпревари.
Ривали на Работнички ќе бидат Прва Искра од Србија, Шарлот од САД и Младост од Црна Гора.
Да потсетиме дека Работнички, според пласманот на крајот од есенскио дел, делба на првото место со Силекс и Шкендија, напролет во најмала рака ќе атакува на излез во Европа.