Работнички ќе остане и без Мазари, напаѓачот пред трансфер во Вараждин!

755

По Влатко Стојановски, се чини дека Работнички ќе остане и без втор напаѓач. И тоа не било кој туку Атдхе Мазари, кој беше еден од клучните играчи на тимот на Горан Станиќ во есенскиот дел.

Мазари е во завршни преговори со Вараждин, клуб од ХНЛ и според најавите трансферот е пред реализација.

Да потсетиме дека во Вараждин веќе играат Димитар Митровски, Марио Младеновски и Ване Јованов.

Секако дека ова ќе биде голем удар за тренерот Горан Станиќ и амбициите на клубот за напролет кога Работнички во најмала рака имаше намера да “брка“ излез во Европа.

ПретходноХрватска го победи Исланд со 6 голови разлика и остана во “игра“ за 1/4 финалето!
СледноОдличниот Фенербахче со победа на гости кај Олимпијакос!