Угледниот бразилски медиум, „Глобо Еспорте“ пишува дека бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар е блиску до враќање во Сантос. Бразилскиот клуб планира да го објави враќањето на својот поранешен фудбалер пред крајот на јануари.
Сантос веќе преговара со спонзорите за зголемување на договорите и заедно со техничкиот партнер Умбро се подготвува да го објави новиот дрес на Нејмар. Во исто време, Нејмар и Ал-Хилал се уште не го раскинале договорот. Саудискиот клуб сака да го намали износот на исплатите на играчот.
Ал Хилал ќе го ослободи Бразилецот доколку се намали износот на платите и се продолжи рокот за плаќање.