Немаше сила американецот Бен Шелтон да му се спротивстави на Јаник Синер во полуфиналето од Австралија Опен. Поточно, имаше сила само за еден сет. Оној првиот кој сепак, Синер го доби но потешко од преостанатите два во вкупниот триумф од 3:0. Синер оди во финалето каде што ќе се сретне со Зверев, победникот од првото полуфинале, по предавањето на Новак Ѓоковиќ поради повреда.
Шелтонс е надеваше на сензација, но мора да се задоволи само со добро одработениот прв сет. Во него загуби во тај брејкот, со 7:2, а потоа следуваше показна вежба на Синер. По сетови 6:2, 6:2 за вкупни 3:0.