Сензација и тоа непријатна приредија кошаркарите на ТФТ и тоа на свој терен. Имено вечерва како домаќини, еден од најдобрите тимови досега во нашата елитна лига во драматичен меч беа поразени од Феникс со 73:75. Секако дека ова е голема победа за гостинскиот состав.
Големиот фаворит, составот на ТФТ подобро го отвори мечот и со 26:19 ја доби првата четвртина. Сепак гостите не се предадоа, ја играа својата игра и ако во втората четвртина ја ремизираа, тогаш ја добија третата и четвртата и на крајот заслужено победија.
Адетукаси Тимоти со 18 поени беше најефикасен кај победничкиот состав, додека Дарин Говенс забележа 22 поени кај домашниот тим.