Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски и натаму е на првото место на листата на најдобри стрелци на Светското првенство. Тој после пет одиграни мечеви има 41. гол, до оваа бројка дојде од 58 удари. Осум ги постигна од седум метри, од 13 обиди.
Зад Кузмановски е најдобриот стрелец на Катар, Франкис Марцо со 40 гола, ист број на погодоци има Рутгер Тен Велде, додека на четвртото место е Матијас Гтисел со 39 гола.