Формула 1 ќе одзема бодови за пцуење и политички изјави

81

Возачите во Формула 1 би можеле да бидат суспендирани од трките или да загубат бодови во шампионатот поради пцовки или политички изјави. Ова е вметнато во новите правила на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА).

Новите правила би можеле да го продлабочат конфликтот меѓу возачите и управата на Формула 1, откако возачите се побунија минатата сезона поради казните и ја критикуваа работата на претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулејем. Макс Верстапен од Ред Бул и Шарл Леклер од Ферари се казнети поради пцовки на прес-конференција.

Новите мерки опфаќаат недолично однесување кое вклучува навредлив јазик и физички напад или дела за кои се смета дека предизвикуваат „морална повреда“.

Исто така, слични казни ќе се применуваат за „политички, верски и лични изјави кои се особено спротивни на општиот принцип на неутралност промовиран од ФИА, без претходно писмено одобрение“. Во случаи на политички, верски или лични изјави, ФИА изјави дека стјуардите треба да бараат „јавно извинување и повлекување на коментарите“.

ПретходноКУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ
СледноЕнис Барди промовиран во Бодрумспор