Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години забележа победа со 3:1 над Гибралтар

131

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години забележа значајна победа над Гибралтар со 3:1 во рамките на првиот натпревар од  претквалификацискиот турнир за пласман во главната рунда на квалификации за ЕП во Молдавија 2025.

Избраниците на селекторот Зоран Лекиќ одиграа добар натпревар, ја оправдаа фаворитската улога и остварија сосема заслужена победа над Гибралтар.

Давид Тоневски го отвори резултатот на средбата. Марио Јанев зголеми на 2:0. Противникот успеа да ја намали предноста на 2:1, но Марио Јанев со својот втор погодок ја врати предноста од два гола и ги постави конечните 3:1.

Во последното коло од турнирот, Македонија ќе игра со домаќинот Естонија.

ПретходноСинер со симултанка до ново финале на АО
СледноКУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ