Вечерва во Арената во Загреб, во меч од групата-4 од главната рунда, Хрватска со 32:26 успеа да го победи Исланд и со тоа да остане во „игра“ за пласман во 1/4 финалето. Сега во последното коло и треба триумф против Словенија во последното коло.
Секако дека ова е добра варијанта ако се знае во каква ситуција беа Хрватите пред овој вечерашен меч.
На Хрватите им одговараше само победа од најмалку 4 голови разлика, ете тоа го добија и сега својата судбина ја имаа во своите раце.
Мартиновиќ со 8 голови беше најефикасен кај победничкиот состав, додека кај Исланд најдобар стрелец беше Кристјансон со пет голови.
Од друга страна во тотално неважен меч, Норвешка го декласираше Чиле со 39:22. Сепак и оваа убедлива победа не им беше доволна на Норвежаните да одат во четвртфиналето.